Од Меѓународно тело што го надгледува мировниот процес во Босна изјавиле дека нема да се промени статусот на Канцеларијата на високиот претставник за Босна и Херцеговина. Австрискиот дипломат Валентин Инцко кој моментално е на позицијата шеф на Канцеларијата изјавил дека на дводневниот состанок на Советот за спроведување на мирот, се заклучило дека во Босна и Херцеговина не се исполнети условите за да се затвори Канцеларијата. Но тој додал дека меѓународната заедница смета дека затворањето на Канцеларијата ќе значи чекор кон крајната цел - евро-атлантски интеграции на БиХ.