Шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки изјави дека Техеран нема да го извезува својот делумно збогатен ураниум на натамошна обработка како што претходно предложија Обединетите нации. Наместо тоа Иран предлага размена на својот ураниум со веќе збогатен. Тоа, според аналитичарите, ги поништува западните напори за забавување на иранската нуклеарна програма. Британија,
Кина, Франција, Русија, Германија и Соединетите држави инсистираа иранскиот ураниум да се испраќа во Русија и во Франција на натамошно збогатување по што би се враќал во Иран. Западните аналитичари сметаат дека на ваков начин, барем за една година, ќе може да се одложи иранската нуклеарна програма. Според сојузниците, програмата не е наменета за мирољубиви цели како што тврди Техеран, туку за производство на нуклеарно оружје. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон нема да прифати никаква алтернатива на предлогот на Обединетите нации. Тоа значи дека Соединетите држави сега се соочуваат со тешка одлука.
,,Или ќе се обидеме да ги санкционираме неефикасно самите со неколку пријатели и ќе се надеваме дека и другите ќе не следат во тоа
Без оглед на она што сега се случува, и едната и другата страна се соочуваат да загубат на политички план. Така беше и со Северна Кореа кога Западот и пред се Вашингтон и рече: Вие не може да го направите ова, а тие одат напред со оценка дека станува збор за блефирање...
Вели Хенри Соколски од Центарот за разоружување во Вашингтон кој додава дека втората опција е воена акција.
Иран не им верува ни на Русија, ни на Франција
И за Иван Олрич од Проектот за стратегиска безбденост понудата на Мотаки за размена на нуклеарно гориво е лоша идеа. Тој смета дека со преговарањето со Иран се губи контролата, односно му се дозволува да ги игнорира меѓународните правила за нуклеарни истражувања.
,,Секој е на оценување. Ние ги нацртавме овие линии на песок. Без оглед на она што сега се случува, и едната и другата страна се соочуваат да загубат на политички план. Така беше и со Северна Кореа кога Западот и пред се Вашингтон и рече: Вие не може да го направите ова, а тие одат напред со оценка дека станува збор за блефирање. Обама за таквата своја политика веќе е под извесна критика.,,
Според Олрич, најновиот ирански став е неприфатлив, бидејќи со тоа се покажува дека Техеран не може да им верува ни на Русија, ни на Франција и покрај тоа што и и со двете земји има одлични трговски врски. Сега, како што вели, на Соединетите држави ќе им биде полесно да му докажат на светот дека Иран не го брани своето право да поседува нуклеарна програма, туку дека си поигрува со меѓународната заедница. Затоа, според него, единствен разумен избор за Вашингтон е да го отфрли новиот ирански предлог.