Нови давачки за приватниот сектор

Контакт центар на Управата за јавни приходи

Според економските експерти воведувањето на новата давачка за фирмите, која предвидува поднесување пријави за состојбата на банкарските сметки при пријавувањето на ДДВ-то, преставува дополнително оптоварување.
Новата давачка за фирмите, која предвидува поднесување на пријави за состојбата на банкарските сметки при пријавувањето на Данокот на додадена вредност е дополнително оптоварување за приватниот сектор, велат економистите. Од компаниите, пак, велат дека освен непотребен трошок, новата обврска е и губење време. Директорот на едно средно претпријатие Драган Николов вели дека посебно оптоварување имаат фирмите кои имаат повеќе банкарски сметки:
УЈП ни бара потврда за просечно салдо во банките каде што имаме отворено сметки, тука е најголемиот трошок. Е сега повеќето компании имаат во три-четири банки сметки, значи колку банки толку треба соодветно пати да се плати за таа давачка


,,УЈП ни бара потврда за просечно салдо во банките каде што имаме отворено сметки, тука е најголемиот трошок. Е сега повеќето компании имаат во три-четири банки сметки, значи колку банки толку треба соодветно пати да се плати за таа давачка."

Управа за јавни приходи
Според Николов, давачката е непотребна, а ако забелешките на стопанските комори не им го сменат мислењето на надлежните, фирмите ќе мора да вработат по уште еден човек кој ќе се грижи само за оваа процедура:

,,Секој 15-ти кога се плаќа данокот треба да одиме во сите четири банки за да ги обезбедиме тие потврди. На крајот на краиштата испаѓа и еден убав бизнис, замислете колку има даночни обврзници и сите тие треба да извадат потврди и тоа еднаш месечно"
За дел од економистите новата давачка е само уште едно оптоварување за фирмите. Економскиот аналитичар Ден Дончев вели дека власта го гуши приватниот сектор:

,,Државата буквално го гуши приватниот сектор, бидејќи секој денар, данок повеќе кој што се плаќа кон државата е и денар помалку кој
Државата буквално го гуши приватниот сектор, бидејќи секој денар, данок повеќе кој што се плаќа кон државата е и денар помалку кој што останува во приватниот сектор
што останува во приватниот сектор."

Со воведување нови расходи, намалувањето на даноците, воведувањето рамен данок и намалување на ДДВ се речиси без ефект:

,,Што повеќе даноци се плаќаат за државата, што помалку останува за приватниот сектор, тоа де факто значи дека се намалува или потрошувачката како компонента од БДП или има помалку пари за да одат во реални инвестиции."

Инаку просечниот трошок предвиден со новата давачка неофицијално се проценува на околу 300 денари.