Најмалку 15 загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 15 луѓе загинале, а дваесетина други биле ранети во денешниот самоубиствен бомбашки напад пред палатата на правдата во пакистанскиот град Пешавар. Според полицијата бомбашот сакал да влезе во зградата, но при обидот да биде претресен го активирал експлозивот што го носел на себе. Тоа е осми напад во Пешавар во изминатиот месец. Областа е главна цел на пакистанските талибанци поврзани со Ал Каида.