Карзаи инаугуриран за претседател на Авганистан

Хамид Карзаи денеска беше инаугуриран на вториот мандат како претседател на Авганистан. Тој во Кабул положи заклетва пред 300 странски претставници, меѓу нив: американскиот државен секретар Хилари Клинтон и пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари. На 2 ноември Карзаи беше прогласен за победник на претседателските избори откако неговиот ривал Абдула Абдула се откажа од вториот круг.