Со прикажувањето на филмот Белата панделка на Михаел Ханеке, во петок, во киното Фросина во Младинскиот културен центар, ќе биде отворено деветтото издание на СИНЕДЕЈС, фестивалот на европски филм во Македонија.
Со релативно скромна програма во однос на претходните години, речиси без најава за гости и без работилници, но со канскиот победник на отварањето – филмот Белата панделка на Михаел Ханеке, овој петок, во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе започне деветтиот Фестивал на европски филм СИНЕДЕЈС. Во официјалната програма на манифестацијата ќе бидат прикажани и Дива трева на Алан Рене, Рики на Франсоа Озон, Свети Ѓорѓија ја убива ламјата на Срѓан Драгоевиќ, Невреме на Ханс Кристијан Шмит, Приказни од златното доба што го потпишуваат група романски режисери меѓу кои и Кристијан Мунгиу, Читачот на Стивен Далдри и Скршени прегратки на Педро Алдомовар, филмот со кој на 26 ноември ќе заврши овој фестивал. Паралелно со овој одбир на филмови кои беа во официјалните селекции на престижните фестивали во Кан, Торонто, Берлин и други големи манифестации во светот, на скопскиот фестивал на европскиот филм ќе тече и програмата МЈУЗИК СИНЕДЕЈС. Покрај оваа програма на музички документарни филмови, во фестивалскиот клуб ќе се одржи серија на концертни настапи на групи од различни музички жанрови, за чија селекција беше задолжен Владица Младеновски.
,,Во сабота имаме концерт на еден од најдобрите нови балкански бендови ,,Глорибор" од Бор Србија, во недела имаме концерт на Димич од Шведска и Смар Бонт од Македонија, во понеделник Сај си ем си на двете сестри Тијана и Ивана Рашиќ, во вторник група Ангелов итн."
вели Младеновски.
На СИНЕДЕЈС ќе бидат доделени и наградите Златна ѕвезда за најдобар филм, Сребрена ѕвезда за најдобра режија и две Сини ѕвезди за најдобро сценарио и најдобар актер, а за нив ќе решава тричлено жири во кое се Илинденка Петрушевска, Џевдет Тузлиќ од Босна и Херцеговина и Орхан Таир од Бугарија.
Како дополнителна селекција на СИНЕДЕЈС 2009, од 9 до 13 декември, ќе има ревија на современ полски филм во рамките на која ќе биде прикажано и новото остварување на славниот Анджеј Вајда – Слатка треска, а дневните билети за манифестацијата со кои може да се следи официјалната и документарната програма и да се присуствува на концертот во клубот ќе чинат само 150 денари.
Инаку, иако инициран и со години помаган од Европската Комисија, фестивалот годинава остана само на Младинскиот културен центар за што неговиот директор Борис Момировски ќе рече:
,,Не е дека нешто посебно плус ќе се случеше со тие 5 илјади евра меѓутоа тоа јас само го напоменав бидејќи фестиралот бил нивни, со нивна идеа, МКЦ бил само реализатор, а сега ни останува нам да го реализираме."