На македонскиот фудбал му требаат темелни реформи

Од неодамнешната прослава по повод 100 години фудбал во Македонија

Додека Фудбалската Федерација на Македонија се подготвува за избор на нов претседател, љубителите на фудбалот порачуваат дека проблемите се толку длабоки, што на македонскиот фудбал му требаат темелни реформи.
Месец и половина по завршувањето на мандатот на досегашната раководна структура, Фудбалската федерација на Македонија ќе одржи Собрание, на кое треба да избере нов претседател. Собранието е закажано за сабота, а на него битката за најпосакуваната спортска фотелја ќе се води меѓу досегашниот прв човек на мак фудбалот Харалампие Хаџиристески и довчерашниот претседател на шампионот Македонија ЃП - Благоја Николовски. Иако барем засега ФФМ му ја оспорува кандидатурата, не е исклучено во конкуренција да влезе и Масар Омерагиќ. Сепак, без оглед на тоа дали ќе се бира меѓу двајца или пак меѓу тројца, општо е мислењето дека ќе нема промена на
Авторитетна личност е потребна која што ќе има добри контакти со фудбалскиот свет и треба да посвети повеќе внимание на младите категории во фудбалските клубови, што е можно повеќе да се професионализираат
кормилото. Причина за тоа е фактот дека Хаџиристески контролира најголем дел од делегатите кои ќе гласаат, поради што шансите на против кандидатите се симболични. Дали тоа и ќе се потврди на дело ќе видиме на 21-ви ноември, по што новиот или стар претседател ќе почне со разрешувањето на проблемите. А тие се многубројни и од ден на ден се повеќе ги разочаруваат љубителите на фудбалот, според кои за работите да тргнат на подобро:

,,Авторитетна личност е потребна која што ќе има добри контакти со фудбалскиот свет и треба да посвети повеќе внимание на младите категории во фудбалските клубови, што е можно повеќе да се професионализираат. Да се одобри меценство во спортот, значи одредени давачки на оние кои што спонзорираат да им се намалуваат, но да има транспарентност."

Вели еден од анкетираните граѓани. Неговото мислење го делат и други фудбалски вљубеници, за кои, пак, за почеток најзначајно е запирањето на многуте нерегуларности, поради кои нашиот фудбал е ставен на столбот на срамот во Европа.
Во секој случај треба темелни реформи во фудбалот, значи не е само поентата да се менуваат претседатели и нешто слично


,,Треба многу работи во фудбалот да се променат за да немаме казни од УЕФА, како што кажуваат дека ќе има за некои клубови, а веројатно и Фудбалската федерација е вмешана таму."

,,Се прават разни потплаќања на утакмиците. Треба да се смени се од корен за да има напредок во фудбалот."
Додаваат граѓаните, кои не пропуштаат да потсетат и дека не може преку ноќ да се очекуваат големи резултати. За такво нешто потребно е време, но и многу вложувања.

,,Во секој случај треба темелни реформи во фудбалот, значи не е само поентата да се менуваат претседатели и нешто слично. Инвестирањето е долгогодишна агенда која што ако успешно се спроведува сигурно ќе има резултати во фудбалот."

Порачуваат љубителите на спортот.