Во Иран досега од свински грип починале 100 луѓе

Во Иран од новиот тип на грип Х1Н1 досега починале 100 луѓе, од кои 42-ца минатата недела, соопштиле денеска од иранското министерство за здравство. Во таа земја повеќе од 3.000 луѓе се заразени од новиот свински грип. Училиштата во Иран се затворени, а ограничен е и бројот на верници кои ќе одат на аџилак во Мека, како дел од мерките за спречување на ширење на грипот. Иранските власти стравуваат дека бројот на заразени ќе се зголеми откако од аџилак ќе се вратат 65 илјади верници.