Карл Билт:до 7 декември спорот за името може да се реши

Европската унија гледа многу позитивно на можноста за компромис меѓу Грција и Македонија за спорот за името 7 декември, изјавил за „Дојче веле“, Карл Билт, шефот на дипломатијата на актуелниот претседавач со ЕУ, Шведска. Билт, изјавил дека е во постојан контакт со премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу и дека според него компромисот е на дофат. Тој не се согласил со медиумските извештаи дека позициите меѓу Скопје и Атина никогаш не биле поодалечени