77 училишта реновирани со помош на УСАИД

Училиште

Основното училиште во општината Маврово Ростуше е меѓу оние 77 училишта кои што се реновирани со помош на УСАИД. Ова училиште доби реновиран систем за греење. Програмата на УСАИД завршува во 2011 година до кога се планира реновирање на 100 училишта.
Повеќе училишта во општина Маврово Ростуше со децении се соочуваат со проблемот на затоплување на училниците, бидејќи користат огревно дрво во стари и дотраени печки. Оваа зима радосни се над 200 ученици и вработени во централното основно уцилиште ,,Ѓорѓи Пулевски ,, во Ростуше, бидејќи со помош на УСАИД е поставено ново централно греење, а проблемот е решен. Овој зафат е во рамките на проектот за подобрување на условите во училиштата во Република Македонија.
Со поставувањето на топловодниот систем за греење, условите за работа сега се многу подобрени, а учениците и наставниците се многу задоволни

,,Со поставувањето на топловодниот систем за греење, условите за работа сега се многу подобрени, а учениците и наставниците се многу задоволни. Имаме подобра работна атмосфера и хигиената е многу на повисоко ниво. Со оглед на ниските температури во зимата кои се присутни во овој регион, системот за централно греење овозможува квалитетно греење на училиниците и другите простории. Голема благодарност на УСАИД и на Американскиот народ."

нагласи директорката на училиштето во Ростуше, Санела Дурмиши. УСАИД како дел од Мисијата на САД во Македонија, со овој проект има опфатено голем број на училишта, со цел да се направи подобра и побезбедна средина за учење:
Во рамките на проектот досега се реновирани 77 училишта, а до крајот на планираниот рок ќе бидат опфатени 100 училишта

,,Овој Проект започна да се реализира во 2006 и ќе заврши во 2011-та година. Во рамките на проектот досега се реновирани 77 училишта, а до крајот на планираниот рок ќе бидат опфатени 100 училишта,,.

Нагласува Кид Перентон, директор на проектот за основно образование во рамките на УСАИД Мисијата во Македонија. Според него во наредниот период се планира и обука за наставниот кадар во земјава за потребите на учениците во 21 век, што е многу битно за воспитно образовниот процес. Во оваа насока со проектот се предвидува особено нагласен пристап до информатичката технологија особено по предметот математика. За целосна реализација на овој проект се предвидени 18 милиони долари.