Во текот на шест месеци од Битолскиот затвор побегнале петтмина осуденици. Од Управата за извршување санкции велат дека минатата година изрекле 96 казни за персонал вработен во затворите низ државата, меѓу кои и за неколку стражари од битолскиот затвор.
Зачестија бегствата во битолскиот затвор. За пола година од таму побегнаа петмина осуденици. Од нив тројца своеволно затворот го напуштиија сред бел ден, а другите двајца бегството го извршија во вечерните часови. Најмногу прашина се дигна по првото бегство во јуни годинава кога осуденици со бонсек ги исекоа железните решетки од прозорецот во тоалетот, а потоа со импровизирано јаже, долго 6 метри, направено од врзани чаршафи се спуштија во дворот и побегнаа. При другото бегство осудениците со клоци ги отворија вратите од столарската работилница и се вдадоа во бегство. Во последниот случај се претпоставува дека затвореникот ја напуштил казнено поправната установа префрлувајќи се низ жицата висока еден местар со која е заобиколен затворот. Што презмаат надлежните затворот да не прерасни во шеталиште?
,,Секторот за обезбедување одговара за безбедноста на затворот во секој поглед. Прво ќе се испита во секторот кој пропуст е направен, ако е направен пропуст во организацијата и понатаму се оди заповеник итн."
вели Лидија Гавриловска, директока на Управата за извршување на санкции.
Само минатата година изрекле 96 казни за персонал вработен во затворите во земјава, меѓу кои и за неколкумина стражари од битолската казнено поправна установа поради пропусти во работењето.
,,Казнети се сите, дициплинските постапки се завршени, парично се казнети со опомени зашто први пропусти беа, понатаму ќе бидиме што ќе се преземи, во тек е процедурата. Сега не можам да кажам, ќе се испитува."
додава Гавриловска. Бегствата го отворија прашањето кои се причините за нив. Затворениците досега во неколку наврати се пожалија дека престојуваат во многу лоши услови. Дека храната наликувала на помија, не можеле да сварат ни кафе, туку морале да го купуваат од кантината, просториите се тесни, мебелот престарен. Се жалеа и на односот од некој од стражарите и на тешката физичка работа при ископи и правење тули. Поради ова неодамна двајца затвореници штрајкуваа со глад. Но, според директорот Славко Гацовски условите за престој во затворот задоволуваат, храната е најдобра од сите затвори во државата, а затворениците работат без никаква присилба.
Казнети се сите, дициплинските постапки се завршени, парично се казнети со опомени зашто први пропусти беа, понатаму ќе бидиме што ќе се преземи, во тек е процедурата. Сега не можам да кажам, ќе се испитува