Охрид го доби првото психо-социјално советувалиште во државата, каде граѓаните бесплатно, стручно, дискретно и анонимно можат да добиваат совети за своите психолошки и социјални проблеми.
Охрид го доби првото психо-социјално советувалиште во државава каде граѓаните бесплатно, стручно, дискретно и анонимно можат да добиваат совети за своите психолошки и социјални проблеми. За се почестите тешкотии што ги носи современиот начин на живеење, со секојдневните стресови, притисок,несоници,депресии и економска неизвесност, граѓаните од сите возрасти и категории можат да разговараат во Охридскиот Црвен Крст со младиот тим составен од психолог,социјални работници, лекар и дефектолог.
,,Целта беше да се зголеми квалитетот на животот на луѓето во Охрид, да се изврши подигнување и развој на личниот, семејниот и професионалниот аспект, но целта е и превенција и надминување на постојните психолошки, лични, семејни и професионални кризи."
Вели психологот Марија Милошеска, која во советувалиштето врши психолошка дијагностика, разрешување на дилемите околу професионалната ориентација и помош за надминување на проблемите со менталното здравје на поединците.
,,Ќе се работи со адолесценти кои имаат проблеми со криза на идентитетот, конфликти со семејството и социјалната средина, болести поврзани со пореметување во исхраната, проблеми со поведението, со промеливото расположение. Ќе се работи и со семејни и партнерски конфлитки, проблемите во комуникацијата, криза во меѓусебните односи. Ќе работиме и со родителите за проблемите со нивните деца во врска со проблемите на зависност, како што се наркоманијата, алкохолизмот и игрите на зависност."
Вели социјалниот работник Мери Наумова.
,,Јас како дефектолог ќе имам задача да работам околу дијагностицирањето и советодавната работа со лицата со посебни потреби, особено со нивните семејства. Се што е во врска со дијагностиката и нивните проблеми, како тие да се надминат со особен акцент на тимската работа во надминување на секојдневните проблеми со кои тие се соочуваат, како и работа во групи."
Вели дефектологот Ана Крстеска, која ќе работи и со децата кои имаат тешкотии во учењето, со изговорот,читање и пишување.
,,Во склоп на советувалиштето ќе има и сексуално и репродуктивно здравје, односно запознавање и едукација на граѓаните за полово преносливи болести и за контролирање на раѓањето, односно за контрацепцијата и како да се заштитат од несакана бременост."
Вели лекарката Катерина Попоска, која ќе работи и на кампања во училиштата за поголема едукација на младите за сексуалното и репродуктивно здравје. Психо-социјалното советувалиште во Црвениот крст во Охрид работи секој работен ден од 17 до 20 часот и во сабота од 12 до 15 часот, а разговор може да се закаже на телефонот со број 046-261-909.
Целта беше да се зголеми квалитетот на животот на луѓето во Охрид, да се изврши подигнување и развој на личниот, семејниот и професионалниот аспект, но целта е и превенција и надминување на постојните психолошки, лични, семејни и професионални кризи
,,Целта беше да се зголеми квалитетот на животот на луѓето во Охрид, да се изврши подигнување и развој на личниот, семејниот и професионалниот аспект, но целта е и превенција и надминување на постојните психолошки, лични, семејни и професионални кризи."
Вели психологот Марија Милошеска, која во советувалиштето врши психолошка дијагностика, разрешување на дилемите околу професионалната ориентација и помош за надминување на проблемите со менталното здравје на поединците.
,,Ќе се работи со адолесценти кои имаат проблеми со криза на идентитетот, конфликти со семејството и социјалната средина, болести поврзани со пореметување во исхраната, проблеми со поведението, со промеливото расположение. Ќе се работи и со семејни и партнерски конфлитки, проблемите во комуникацијата, криза во меѓусебните односи. Ќе работиме и со родителите за проблемите со нивните деца во врска со проблемите на зависност, како што се наркоманијата, алкохолизмот и игрите на зависност."
Вели социјалниот работник Мери Наумова.
,,Јас како дефектолог ќе имам задача да работам околу дијагностицирањето и советодавната работа со лицата со посебни потреби, особено со нивните семејства. Се што е во врска со дијагностиката и нивните проблеми, како тие да се надминат со особен акцент на тимската работа во надминување на секојдневните проблеми со кои тие се соочуваат, како и работа во групи."
Во склоп на советувалиштето ќе има и сексуално и репродуктивно здравје, односно запознавање и едукација на граѓаните за полово преносливи болести и за контролирање на раѓањето