Францускиот претседател Никола Саркози ќе го прими денеска претседателот на Ирак , Џалал Талабани кој доаѓа во прва официјална посета на Франција. На средбата се гледа како на сигнал за обновување на француско-ирачките односи. Париз и Багдад имаат економски односи уште од времето на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин, но досега ниту еден ирачки претседател не бил во посета на Франција. Односите меѓу двете земји се влошија во времето на поранешниот француски претседател Жак Ширак, кој не ја подржа американската инвазија на Ирак. Саркози и Талабани се очекува да потпишат два економски договори, како и да разговараат за борбата против сиромаштијата , за подобри трговски односи и за подршката и развојот на земјоделието во Ирак. Исто така се очекува Франција да помогне во обновувањето на оштетените уметнички колекции по американската инвазија во Ирак во 2003-та година.