Марадона два месеца надвор од фудбалот

Светската фудбалска федерација ФИФА му забрани на селекторот на аргентинската репрезентација Диего Марадона два месеца да се занимава со секаква фудбалска активност. Тоа е казната откако тој на недоследен начин им се обратил на новинарите откако Аргентина во минатиот месец се квалификуваше за Светскиот фудбалски куп во Јужна Африка.