Палестинците ќе бараат од ОН признавање на Палестина

Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат изјави дека палестинците планираат да побараат од Обединетите нации признавање на независна палестинска држава во Западниот Брег и Газа со Источен Ерусалим како главен град. По оваа најава, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди палестинците да не преземаат еднострани акции. Тој наведе дека Палестинска држава е можна само преку преговори со Израел.