На Косово утре локални избори

На Косово денеска е предизборен молк пред утрешните локални избори. Централната изборна комисија соопшти дека ги спровела сите неопходни подготовки и изрази очекување дека утрешното гласање ќе помине без проблеми. Право на глас имаат околу милион ипол граѓани. Косовските институции и меѓународните претставници на Косово ги повикаа гласачите масовно да излезат, наведувајки дека овие избори се тест за демократијата бидејки се први што ги организираат косовските власти. Косовската полиција ќе ги обезбедува изборите со околу 5 илјади полицајци, а ќе ги следат и околу 100 меѓународни и над 2 илјади домашни посматрачи.