Без визи во Европа

Шенген виза

На 30 ноември или 1 декември ЕУ треба и формално да донесе одлука за „паѓање на визниот ѕид“ за македонските граѓани. Граѓаните велат дека немаат доволно информации за безвизниот режим.
Биометриски пасош, место за престој и гарантно писмо ова ќе им биде потребно на граѓаните на Македонија по визната либерализација, која најверојатно ќе ја добиеме на 19 деркември. Тие ќе можат да отпатуваат во 25 земји од Европа. Без визи
Не сме информирани и ние, ги прашуваме во амбасада што треба да значи. Ние имаме закажано за 5, 6, 7 декември визирање. Се надевам дека голем дел од луѓето ќе го пропуштат тој термин надевајќи се дека ќе биде безвизен режим. Што правиме со тие што ќе им извадиме визи? Дали некој ќе дојде и ќе ми каже, извини, ти си ми извадил виза, ама виза не треба, па пари нема да ми даде!?
Макаедонците ќе можат да одат и во Швајцарија, Исланд и Норвешка иако не се членки на ЕУ, но се дел од шенген просторот. Но ќе може да престојуваат само деведест дена, по што ќе мора да го напуштат шенген просторот. Граѓаните ќе бидат ослободени од виза за туристичко патување или пак за посета на некој роднина или пријател. За време на престојот не е дозволено тие да се вработат, а оние кои ќе бидат фатени дека работат на црно ќе бидат подложени на санкции. Но граѓаните или воопшто не се запознаени или пак располагаат со оскудни информации, што се ќе им е потребно по визната либерализација, доколку сакаат да ја напуштат земјава.

„Не сум информирана, не знам што ќе ми биде потребно.“
„Не знам што се е потребно за визната либерализација.“

Од туристичките агенции велат дека и тие сеуште не се доволно информирани за тоа како ќе патуваат нивните клиенти по визното олеснување. Од амабасадите ни велат тие што имаат закажно термини во декември да поднесат документи за виза вели Александар Чоневски од една туристичка агенција.

„Не сме информирани и ние, ги прашуваме во амбасада што треба да значи. Ние имаме закажано за 5, 6, 7 декември визирање. Се надевам дека голем дел од луѓето ќе го пропуштат тој термин надевајќи се дека ќе биде безвизен режим. Што правиме со тие што ќе им извадиме визи? Дали некој ќе дојде и ќе ми каже, извини, ти си ми извадил виза, ама виза не треба, па пари нема да ми даде!?“

Ние како превозници имавме најмногу проблеми поради визниот режим. Визната либерализација очекуваме да ни донесе повеќе работа и поголема заработувачка вели Биљана Муратовска од една транспортна фирма.

„Сега веќе ни се зголемува флексибилноста на движење. Очекувам зголемување на работата кај транспортните компании и ќе имаме поголема искористеност на возниот парк, а во Македонија нема да се соочуваме со дампинг цени.“

Конечната одлука за симнување на шенгенскиот ѕид треба да го донесе Советот на министри за внатерешни работи на ЕУ на 30 ноември или на 1 декември.