Сибирските тигри загрозени

Сибирски тигар

Бројот на сибирски тигри кои живеат на Далечниот Исток и кои се сметат за загрозен вид се намалува, покажуваа една неодамна објавена студија .Експерите велат дека главна причина за тоа е недозволениот лов. Активистите за заштита на животната средина започнаа активности за заштита на преостанатите тигри.

Пред еден месец на далечниот исток од Русија, беше пронајден труп на сибирски тигар, застрелан со два куршува во главата.Експертите заклучија дека најверојатно ловокрадците го застрелале тигарот. По овој настан следуваа резултатите на едно истражување, според кое по една деценија на стабилност, бројот на сибирски тигри пак почнал да се намалува. Дел Мигеле, директор на руската програма за мониторин на сибирските тигри, воочил дека во изминатите четири години бројот на тигри се намалува:


"Неможеме со сигурност да кажеме колку тигри има сега таму, но она што со сигурност може да се каже е дека нивниот број се намалува".
Мигеле вели дека шумските пожари и неконтролиранта сеча на корејанскиот бор и монголскиот даб, придонеле да се уништат живеалиштата на тигрите, а со тоа се намалил и бројот на елени, срни и диви свињи кои се типична храна за тигите. За намалувањето на бројот на тигрите допринело и рекордното ниво на снег.
Последните целосни истражувања спроведени во 2005-та покажале дека на територијата на Русија живеат помеѓу 428 и 502 тигри. Мигеле вели дека таа бројка се задржала со години.
"Тоа беше еден од неколкуте примери во светот каде бројот на тигри остана ист. Во многу земји бројот на тигри се намалуваше, па затоа луѓето, на Русија гледаа како на успешна приказана".
Се претпоставува дека во шумите во Азија има околу 3.200 тигри кои се препознатливи по своето скапоцено крзно.Само пред еден век на таа територија имало околу стотина илјади.
Во Непал неодамна се одржа меѓународен форум на кој беше донесе заклучок за преземање на итни активности за спасување на преостанатите тигри. Претседателот на Светската Банка, Роберт Целик, изјави дека ловокрадците и трговците со крзно и кожа се многу подобро организирани отколку активистите за заштита на животната средина.
Во овој момент нелегалната трговија со дивеч се проценува на преку 10 милијарди долари во Азија, што е на второто место, веднаш зад трговијата со оружје и дрога.
Форумот во Непал за спас на тигрите го означи почетокот на низата состаноци кои треба да се одржат идната година , која според кинескиот хороскоп се смета за година на тигарот.