Додека за споменикот на Филип Втори без проблем беше добиено одобрение тој да биде поставен на централниот плоштад во Битола, Сојузот на борци една година чека на дозвола за поставување на бисти за народните херои, а сличен проблем постои и за спомен обележјето на загинатите бранители во 2001 година.
Додека Филип Втори без проблем доби споменик и маркица за на плоштадот Магнолија во Битола, иако една година преседе во општинскиот двор, борците за Македонија од поновата историја никако да добијат место и споменично обележје. Бранителите кои загинаа во тетовско Вејце, останаа без споменик во центарот на градот откако родителите се спротивставија тоа да не биде во сенката на Филип.
,,За нашите деца немаат ништо направено. Еден споменик на детето мое кај полицијата му направија со донации од странство, а во
Инаку како држава велеа дека ќе прават, но ние се побунивме зашто го ставаа прво Филип Втори и зад него нашите деца. Можеби навистина тој се борел за Македонија, но малку треба да гледаат и за овие деца што ја видоа денешницата
вели Блаже Стојановски, татко на Илче кој на 25 години трагично загина во Вејце. Сојузот на борци, пак, една година бара од општината дозвола да постави две спомен бисти во градскиот парк.
,,Ние единствено барање што го поставивме до градоначалникот е овие две бисти, со оглед дека се направени за Тунелот, народниот херој и за Коле Лачето првоборецот ако може да се направи усилба да ги поставиме бистите. Ако после дојде до дислокација ќе го направиме и тоа."
изјави Александар Трајковски од Сојузот на борци од Битола. Од општината велат дека ќе најде решение за споменичните облежја. Но, засега нема решение за мултимедијалната фонтана која поради технички проблеми, како што тврди градоначалникот Владимир Талески, го кочи поставувањето на споменикот на Филип Втори.
,,Убеден сум идниот период ќе го поставиме споменикот. Фонтаната ни прави проблем. Навистина имаме технички проблеми и
Ние единствено барање што го поставивме до градоначалникот е овие две бисти
вели Талески.Покрај ова едно чудо споменици, се планира и подигање на споменичен комплекс на децата беглаци во близина на граничниот премин Меџитлија.