Од Белата куќа го осудија инцидентот меѓу двете Кореи

Од Белата куќа соопштиле дека се надеваат оти нема да има понатамошни севернокорејски поморски акции, на кои ќе се гледа како на ескалација на односите меѓу двете Кореи. Инцидентот кој се случи денеска во Жолтото море кога воени бродови на Северна и на Јужна Кореја размениле оган доаѓа на неколку денови пред американкиот претседател Барак Обама да замине на турнеја низ Азија.