Словенија на 14 ноември во Москва ќе потпише договор за учество во гасоводот Јужен тек, изјавил денеска словенечкиот премиер Борут Похор. Тој изјавил дека за Словенија е од голема важност тоа што ќе учествува во гасоводот. Разговорите за учество во проектот, Словенија ги водеше неколку години,а нерешените прашања како даноците и безбедноста на инвестициите сега се надминати, изјавил Пахор.