Владата во предлог буџетот очекува Македонија да излезе од кризата во 2010 година и да покаже раст од 2 проценти. Инфлацијата нема да биде повисока од 2 проценти, а буџетскиот дефицит ќе се намали на 200 милиони евра
Економската активност ќе се зголеми за два проценти, што значи Македонија постепено ќе излезе од кризата ова се очекувањата на Владата за 2010 откако го утврдија предлог буџетот за наредната година. Буџетот ќе изнесува околу 2 милијарди и триста милиони евра, а Владата планира да потроши речиси 2 ипол милијарди евра. Додека пак инфлацијата нема да надмине 2 проценти. Предвидуваме дека за разлика од 2009 ќе имаме помал буџетски дефит, односно овој пат земјава ќе треба да се задолжи скоро 200 милиони евра вели министерот за финансии Зоран Ставревски. Тој ќе се покрива со домашни и странски извори вели тој:
„Предвидено е вкупно, преку домашно задолжување да се повлечат 3,989 милијарди денари. Во однос на странското задолжување предвидени се кредитите од Светската Банка за инфраструктурата, како и буџетска поддршка од Светска Банка во износ од 30 милиони долари.“
Приоритет ќе бидат образованието и науката, здравството, инфраструктурата и економскиот развој, како и социјалата и земјоделството. Најголем акцент треба да се стави токму на оние области, кои го подржуваат економскиот развој вели Зоран Јовановски од опозициската СДСМ.
„Не на било какви капитални расходи, туку на оние што суштински го поддржуваат развојот, значи не на споменици, туку на инфраструктура, енергетика, образование и здравство. “
Владата не треба да ги троши парите на нејзин маркетинг, како и на изградба на кутурни објекти, туку на проекти од кои земјава навистина има потреба вели Аријанит Хоџа од Нова Демократија.
„Мислам дека владата треба да се сврти кон инвестиции на нови патишта во општините каде што нема инфраструктура и да се фокусира повеќе на економскиот развој.“
Она што треба да се направи е да се елиминираат сите нерационални трошоци, наспроти вистинските, кои се во функција на развојот на домашната економија вели Слободан Најдовски од ЛДП.
„Мора да се престане со задолжувања од владата за тековните расходи. Она што сега се случува е недозволиво за идната година.“
Буџетот треба да биде усвоен од страна на пратениците до средината на декември.
Предвидено е вкупно, преку домашно задолжување да се повлечат 3,989 милијарди денари. Во однос на странското задолжување предвидени се кредитите од Светската Банка за инфраструктурата, како и буџетска поддршка од Светска Банка во износ од 30 милиони долари