Во Украина 95 починати од „новиот грип“

Министерството за здравство на Украина соопшти дека 95 луѓе починале од вирусот на новиот грип од неговото појавување во таа земја. Украинскиот здравствен систем се соочува со недостиг од основни медицински помагала за справување со вирусот, како на пример заштитни маски. Околу 25 илјади Украинци се регистрирано со симптоми на грипот во изминатите денови, а епидемијата продолжува да се шири.