ЕУ преку ИПАРД фондовите обезбеди 60,7 милиони евра поддршка за развој на земјоделството и сточарството во Македонија. Неповратните средства за кои ќе можат да конкурираат фармерите, се наменти за модернизирање на производството.
За земјоделците во Македонија Европската Унија преку ИПАРД фондовите обезбеди 60,7 милиони евра за поддршка на земјоделството и сточарството што им се на располагање за користење со буџетско кофинансирање до 2011-та година. Во декември ќе биде објавена програмата со условите и мерките за аплицирање за добивање на овие неповратни средства за кои во платежната агенцијата можат да конкурираат одгледувачи на добиток, овошје, градинарски култури и лозови насади, производители на сурово млеко и месо, преработувачки капацитети за млечни производи, овошје и зеленчук, за воведување нови технологии, еко стандарди и друго.
,,Еден поединечен корисник може за еден проект, еве конкретно за проект од земјоделското стопанство да аплицира со проект одминимум 5.000 евра до максимум 200.000 евра, доколку во целокупниот објект за одгледување на добиток на пример сака да ги воведе сите стандарди на ЕУ во целост, се зголемува можноста за максимум финансирање до 400 илјади евра."
Вели Маргарита Делева, државен советник за рурален развој во Министерството за земјоделство, која додава дека во преработувачкиот сектор овие инвестиции се од 400 до 800 илјади евра и до 3 милиони евра за отворање нова кланица за живина. Процедурата за апликација за добивање на овие средства е тешка и комплицирана за потенцијалните корисници кои се жалат на ригорозните услови и многуте потребни документи .
,,Проблемите се во ограничувачката политика во условите кои ги поставуваат, како што ги класифицираат и делат фармерите на големи или мали, и прашувам како ќе се ориентираме дали сме големи или мали фармери. Во сточарството стои минимум 10 грла за физички лица или 15 за правни лица, но тоа сепак не е основната мерка или критериум според кој понатаму ќе можеме да ја искористиме програмата. Ние можеме да аплицираме, но дали ќе ги добиеме средставата тоа не е крајниот критериум, зошто има многу поригорозни услови кои ќе го определат понатаму имплементирањето на самата програма."
Вели Бранкица Мавчева, сточар од Прилеп, сопственик на фарма со крави.
,,Оваа програма е за оние земјоделци кои имаат капацитети и финансиски средства и тие можеби ќе бидат утре конкурентни затоа што ќе ја приближат нивната фарма до стандардите на ЕУ. ИПАРД не е социјална програма, туку токму програма за модернизирање на фармата. Социјалната програма со субвенциите и националната рурална програма може многу повеќе да им помогне на земјоделците во овој период кои се мали и недоволно конкурентни."
Вели Марија Ѓошева-Ковачевиќ од Македонската Федерација на фармери. Земјоделците и сточарите од југозападниот регион од земјава кои се информираа на почетокот од кампањата за ИПАРД во Охрид сметаат дека само пет до десет проценти од фармерите можат да се надеваат на средства од овие фондовите, кои не се наменети за проширување туку за модернизирање на земјоделското производството и негова поголема конкуренствост со воведување на Европските стандарди.
,,Еден поединечен корисник може за еден проект, еве конкретно за проект од земјоделското стопанство да аплицира со проект од
Оваа програма е за оние земјоделци кои имаат капацитети и финансиски средства и тие можеби ќе бидат утре конкурентни затоа што ќе ја приближат нивната фарма до стандардите на ЕУ. ИПАРД не е социјална програма, туку токму програма за модернизирање на фармата