Саудиска Арабија бомбардирала милитанти во Јемен

Воените сили на Саудиска Арабија денеска бомбардирале шиитски бунтовници во соседен Јемен. Нападите доаѓаат откако Саудиска Арабија ги обвини бунтовниците за убиството на висок воен претставник. Шиитските бунтовници се борат против Владата со години, но нападите се интензивираа во последните неколку месеци. Саудиска Арбија е загрижена и поради немирите во Јемен кои можат да ја дестабилизираат земјата. Ал Каеда денеска ја презема одговорноста за нападите во близина на границата со Саудиска Арабија во која беа убиени неколку припадници на јеменските безбедносни сили.