Грипот пустоши во светот

Aвганистан 02.Ноември 2009

Загриженоста околу свинскиот грип расте а владите се во трка со времето како да се справат со болеста. Но, останува нејасно колку од пријавените случаи на грип се од таканаречената грип - чума а колку се обичен грип. Симптомите имено се исти, а лекарите се уште имаат само ограничено искуство при дијагностицирање на новиот вирус Х1Н1.

Над 255 илјади заразени во Украина

Во Украина, како што јавуваат новинските агенции, над 70 лица починаа од грип, од инфекции, а ситуацијата е најлоша во западната провинција Лвов. Министерството за здравство на Украина наведе дека повеќе од 255.000 Украинци се регистрирани од јавните здравствени установи како болни од грип. Меѓу нив има 83.000 деца. Таму се затворени училиштата за да не се шири заразата.Светската здравствена организација на барање на Владата во Киев испрати здравствен тим за да и помогне на земјата да се справи со кризата. Како што јавува Ирина Халупа од Киев несигурноста е зголемена токму поради недостогот на дијагностички алатки во земјата.
Украинскиот Премиер Јулија Тимошенко

"Тоа е многу, многу збунувачки. Украина нема капацитет за да се утврди дали некој всушност умрел од новиот вирус, па затоа мора да ги испрати мострите до Светската здравствена организација во Лондон“.

Украина секоја година страда од обичен грип, но оваа година загриженоста околу свињскиот грип драстично се зголеми поради загриженоста за лошо опремениот домашен здравствен систем нешто што е случај и во многу други земји во пост- советскиот регион.


Вирусот се шири и на Балканот
.

Најлошо е во Србија. Таму има 170 случаи, и две жртви. Таму е продолжен есенскиот одмор за учениците за да се ограничи ширењето на болеста. Српскиот министер за образование Жарко Обрадовиќ на 3 октомври изјави

"Ова утро донесов одлука, по консултација со епидемиологистите да продолжи распустот во училиштата до следната среда, бидејќи времето на инкубација на вирусот трае пет до седум дена“.

Во Македонија, како и Босна, има еден до два или три потврдени случаи на новиот вирус, а во Црна Гора засега ниту еден.
Во меѓувреме расте побарувачката на маски од Газа. Тие станаа посебно популарни во Србија поради верувањето дека ја спречуваат ингекцијата Една фабрика, во Горњи Милановац, произведува по околу 60.000 маски дневно а работата е обезбедена до крајот на оваа година.
Грипот, новиот и стариот вирус е присутен и многу подалеку на исток, Иран и во Авганистан. Во Авганистан, министерот за здравство Мохамед Фатами вели дека во Кабул има напредна технологија и лабараторија за дијагноза, благодарејки на владата на САД.