Реставрација на манастирот Св. Богородица Перивлепта

Охрид

Со донација од Американската амбасада во Македонија, во Охрид ќе се реставрира една од најзначајните византиски храмови од средновековниот период, манастирскиот комплекс Света Богородица Перивлепта.
Манастирскиот комплекс Света Богородица Перивлепта во Охрид , еден од најзначајните и најрепрезентативни византиски храмови на културата од средновековниот период кај нас, што со години пропаѓа, конечно ќе се спасува со комплетна конзервација и ревитализација, за што донација од 650 илјади долари обезбеди Американската амбасада во Македонија. Со грантот,за што договор беше потпишан во Охрид, преку реставрацијата треба да се врати автентичноста на црквата, која според Американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер го отсликува реткото културно и архитектонско богатство на Македонија и Охрид како крстопат на историјата и цивилизациите, што треба да се зачува за да го види светот. Овој е еден од повеќето локалитети и објекти од културата во земјава што се заштитуваат со поддршка на САД.
САД, нашата амбасада и претседателот Обама како партнери со Македонското министерство за култура сме среќни што учествуваме во заштитата на овој значаен историски монумент


,,Ова е многу важен проект за заштита на културно богатство што претставува историја и култура за сите нас. САД, нашата амбасада и претседателот Обама како партнери со Македонското министерство за култура сме среќни што учествуваме во заштитата на овој значаен историски монумент."

Вели амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер, кој смета дека овој манастир од 13 век е вистинска атракција што Охрид им ја нуди на светот и туристите.

,,Со реставрацијата, конзервацијата и ревитализацијата, ќе се успее да се оживее самиот простор, да се реставрираат иконите, конакот, камбанаријата, се со цел да се даде голем придонес во културниот туризам и одржливиот развој на државата."

Вели министерката за култура Елизабета Канческа Милеска. За заштитарите Американската донација е вистински конзерваторски празник, особено поради аларматно лошата состојба на вредниот и редок фрескоживопис на прочуените Солунски мајстори Михајло и Евтихиј, чие сликарство се вбројува меѓу најзначајните достигнувања на такавиканата Ренесанса на Палеолозите, како предвесник на Италијанската ренесанса.

,,Живописот е еден од најзнаменитите од 13 век, една ренесансна појава на Балканските простори, паралелно со Џотовото сликарство во Италија, ако не и пред Италијанската ренесанса. Се работи за едно сликарство кое подолго време беше оставено, бидејќи немавме можност, во една ситуација која почна да влијае на губење на таа вредност. Сега ќе превземеме во научна смисла најригорозни активности и мерки, вклучувајќи експерти не само од Македонија туку и од странство, ќе се обидеме да добиеме помош и од УНЕСКО
Живописот е еден од најзнаменитите од 13 век, една ренесансна појава на Балканските простори, паралелно со Џотовото сликарство во Италија, ако не и пред Италијанската ренесанса
во изборот на експертите, и ќе го сториме она што одамна се очекуваше. Ќе ги отстраниме болестите на живописот и болестите во архитектурата, кои се присутни и се гледаат. Се надевам дека конечно ќе спасиме едно многу значајно културно наследство во Македонија."

Објаснува Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство во Македонија. Комплетниот проект за реставрација на Света Богородица Перивлепта ќе трае 4 години, а со донации и буџетски средства ќе го реализира Охридскиот завод и музеј со стручна помош и партнерите меѓу кои е и МПЦ, од каде во време кога се често мета на крадците, најавуваат поголема заштита на црковните објекти и нивните богатства,преку аларми, видео камери и физичко обезбедување.

,,Најголемите вредни споменични блага, како што се иконите, крстовите и старите книги ќе бидат собрани во една црква, која ќе биде со посебни дополнителни обезбедувања, да се сочуваат колку што е можно од крадци и од непожелни посетители."

Вели Митрополитот Дебарско Кичевски Тимотеј. Манастирот Света Богородица Перивплета, кај Охриѓани познат како стар Свети Климент, до зградата на Музејот на Словенската писменост високо издигната над градот, треба со новите содржини и лик да го врати стариот сјај како вистински репрезент на нашата историја и непроценливо црковно и културно богатство.