Нови дипломатски обиди на САД и ЕУ во БиХ

Високите претставници на Европската Унија и на САД Золтан Матинуш и Стјуарт Џонс денеска во Сараево ќе разговараат со лидерите на неколку босански партии. На средбите ќе стане збор за тоа дали постои можност за продолжување на „бутмирскиот процес“, на кој претставници на Брисел и Вашингтон разговараа со официјални лица од БиХ за реформите во земјата и за промена на Уставот.