Од Белата куќа, соопштуваат дека одлуката на Абдула Абдула да се повлече од изборната трка, нема да има влијание врз одлуката на претседателот Барак Обама за промените кои треба да ги направи со американските сили во Авганистан. Шефот на авганистанската изборна Комисија, изјавил дека во Авганситан ќе има и втор изборен круг со Хамид Карзаи како единствен кандидат, без разлика на тоа што Абдула Абдула се откажа од трката. Талибанците ветија дека ќе ги зголемат своите напади за време на изборите.