Во Украина од свински грип починале 4 доктори

Меѓу починатите од свински грип во Украина се и четворица лекари, соопштил министерот за здравство . Тој изјавил дека државата мора да обезбеди лекари и сестри бидејќи се потребни . Утре во Украина ќе пристигне меѓународна делегација на експерти, кои треба да и помогнат во справувањето со епидемијата на свински грип. Министерот побарал од Украинците да не паничат .Вчера украинскиот претседател, Виктор Јушченко, изјави дека во Украина 48 луѓе починале од грипот ,а 115 илјади се заболени.