Авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи, во интервју за Радио слободен Авганистан , изјави дека тој ќе ја прифати секоја одлука од страна на изборната комисија во однос на изборите закажани за 7 ноември. Претходно неговиот против кандидат Абдула Абдула реши да се повлече од изборната трка. Карзаи изразил жалење поради одлуката, но изјавил дека сепак Абдула е слободен во својот избор.