Шефот на авганистанската изборна Комисија, изјавил дека во Авганситан ќе има и втор изборен круг со Хамид Карзаи како единствен кандидат, без разлика на тоа што Абдула Абдула се откажа од трката. Тој за Ројтерс изјавил дека Уставот дозволува избори и под тие околности. Абдула денеска се повлече од вториот изборен круг, бидејќи владата не ги исполнила условите за одржување на фер избори. Талибанците ветија дека ќе ги зголемат своите напади за време на изборите , дури и ако изборите се сведуваат на само еден кандидат. Во Лондон, британскиот премиер Гордон Барун рече дека меѓународната заедница се надева дека ќе види авганистанска влада кој им одговара на потребите на народот и која ќе се соочи со силните предизвици.