Абдула ќе се произнесе за изборите во Авганистан

Абдула Абдула еден од кандидатите за претседател на Авганистан, се очекува денеска да го изнесе својот став за тоа дали ќе учествува на вториот изборен круг кој треба да се одржи на 2 ноември. Медиумите претходно соопштија дека Абдула ќе го бојкотира изборниот процес. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, изјави дека евентуалниот бојкот од страна на Абдула нема да ја доведе под знак прашалник легитимноста на изборите.