Во Авганистан уапсени напаѓачите на објектот на ОН

Авганистанските власти уапсиле шест лица во врска со нападите врз куќата за персоналот на ОН во Кабул. Шефот на националната разузнавачка служба, Амрулах Салих, изјавил дека напаѓачите се од Пакистанската долина Сват. А нападот бил заедничка операција на Талибанците и на припадниците на Ал-Каида. Во нападите на објектот на ОН, загинаа 5 вработени во организацијата.