Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Абдула Абдула, изјавиле дека тој утре ќе се изјасни за неговите планови за вториот изборен круг во Авганистан , кој треба да се одржи на 7 ноември, јавува Радио слободен Авганистан. Некои западни медиуми претходно пренесоа, дека разговорот маѓу двајцата кандидати за претседател, Хамир Карзаи и Абдула Абдула бил прекинат и дека можеби Абдула ќе ги бојкотира изборите. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, изјави дека евентуалниот бојкот од страна на Абдула нема да ја доведе под прашалник легитимноста на изборите.