Вториот круг од претседателските избори во Авганистан мора да биде безбеден и фер, за новото раководство да има меѓународна подршка, се вели во изјавата на Европската Унија од денешниот самит во Брисел. Унијата им одаде признание на Обединетите Нации за координацијата на меѓународната помош за Авганистан.