По самитот во Брисел се очекува Претседателот Вацлав Клаус да потпише Лисабонбскиот договор доколку Чешкиот Уставниот суд потврди дека не е спортивен на чешките закони. Клаус тоа досега го одбиваше барајки земјата да биде исклучена од Поглавјето за фундаментални права со цел да ја заштити земјата од имотните побарувања на судетските германци протерани од Чешка по Втората Светска Војна. Претседателот на Европската Комисја Хозе Мануел Баросо вака ја коментираше одлуката на лидерите во Брисел.
„Доколку ме прашувате лично. Јасно е дека не сакам вакви извлекувања. Да бидам апсолутно јасен. Ке беше многу подобро доколку сите земји членки на ЕУ ја прифатат Повелбата за Основни права. Но, бидејки ние сме Унија на држави и граѓани, понекогаш, мораме да ја прифатиме различноста на Европа“.
Се очекува Уставниот суд на Чешка да се изјасни следната недела по што и Претседателот Клаус ке може да го исполни договореното. Чешка е последна од 27-те земји-членки кои го ратификуваа Лисабонскиот Договорот чија цел е подобрување на ефикасноста на процесот на одлучување во Унијата и зајакнување на нејзината улога на светската сцена со создавање и на функциите Претседател и министер за надворешни работи.
ЕУ не успеа да избере Претседател?
ЕУ призна дека на овој самит во Брисел не успеа да избере Претседател на Унијата. Лидерите соопштија дека ќе мора да биде организаран екстра самит. Блер не успеа затоа што не ја доби подршката на евроспките социјалисти.
Во Брисел, имено се одвиваа преговори за можните кандидати за новите функции во Европската Унија. Претенденти за иден претседател беа премиерите на Холандија и на Луксембург, Јан Петер Балкененде, Жан Клод Јункер, како и порашениот британски премиер Тони Блер. Јасно е дека Блер нема да стане Претседател.
„Не станува збор за личноста на Тони Блер. Тоа е малку, како да ви кажам ... како да кажете дека во САД Претседател е Обама и не е веќе Буш. Така, ние имаме нов договор...ние треба да ја ресетираме Европа. Тоа не е лесно. Воопшто не е лесно“.
Изјави министерот за надворешни работи на Луксембург Јан Аселбурн во Брисел.За прв европски дипломат пак главни кандидати се сегашниот комесар за проширување Оли Рен и шефот на британската дипломатија Дејвид Милибанд, но и актуелниот министер за надворешни работи на Шведска Карл Билд. Што се однесува до темата Климатски промени, ЕУ реши на Светскиот самит во декември во Копенхаген да се донесе одлука за доделување на 100 милијарди во фондовите за борба против климатските промени секоја година до 2020 тата. Исто така не е постигнат договор и за барањето на источните посиромашни членки да платат помалку. ЕУ, се вели, е спремна да го понесе својот дел од товарот на светските напори против глобалните климатски промени.