Дебарскиот регион и годинава го зголемува производството на сирење. Сточарите бараат кредити за зголемување на стадата. Со пласманот велат, се снаоѓаат со спуштање на цените
Развојот на сточарството во општините Дебар и Центар Жупа има одлична перспектива,но неоходен е порганизиран пристап на сите надлежни фактори. Сточарите од овој регион и оваа година го зголемија производството на сирење, а ако се подобрат условите за работа тие најавуваат и зголемување на стадата на овци, бидејќи има пасишта за многу повеќе стада.
Началникот на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Дебар Весел Дука вели дека во двете реколти сточарите од општините Дебар и Центар Жупа, а ги има над 12 оваа година произвеле над 300 тони сирење.
,,Дебарското сирење се произведува на традиционален начин онака како што тоа е произведувано и во минатото. Сирењето од овој регион е мошне барано на пазарот"
потенцира Дука. Тој вели дека сточарите од овој крај имаат одлични услови како за летна така и за зимска испаша на стадата.
,,Моментоално сточарите обезбедуваат зимска испаша за своите стада. Во овој регион има над 35 илјади грла овци, но се верува дека над 25 илјади зимската испаша ќе ја обезбедат во потоплите краишта на нашава земја поточно во источниот и јужниот дел на Република Македонија."
Стоцарите од дебарско оваа година велат дека своето сирење го продават поефтино со цел истото да се продаде:
,,Нашево сирење има стара традиција на висок квалитет , има имаме најдобро сирење во нашава земја. Проблеми имавме со пласманот но ние се снаоѓаме. Ја спуштаме цената, така што со таа цена не сме задоволни но со намалување на цената, ние успеваме да го продадеме сирењето,"
вели сточарот Салаудин Абазоски, кој воедно потенцира дека ако има кредити за сточарството ќе има и зголемувањее на стадата.
,,Ние имаме сејмена традиција на одгледувањее на овци, и во прв момент кога би добил кредит сигурно би го зголемил бројот на овците. Ние сме тројца браќа И ако добиеме кредити за развој на сточарството сигурно дека ќе го зголемам бројот на овците до 4 илјади. Ако имаме поголема бројка на овци тогаш и заработувачката на нашето семејство ќе биде поголема,"
нагласува Абазоски.
Сточарите од овој западен регион на нашава земја , веќе превземаат и активности за примена на ХАСАП системот , но според нив тие наидуваат на проблеми во таа насока.
Дебарското сирење се произведува на традиционален начин онака како што тоа е произведувано и во минатото. Сирењето од овој регион е мошне барано на пазарот