Соединетите Американски држави и Обединетите нации соопштија дека нема да бидат заплашени од вчерашните напади на објект на Обединетите нации во Кабул. Генералниот секретар на ОН оцени дека нападот во кој загинаа 11 луѓе, вклучувајќи и 5 службеници на ОН е „подол и брутален“. И Советот за безбедност на ОН го осуди нападот.
Белата куќа соопштува дека целта на нападот од Талибанците е попречување на одржувањето на вториот круг од авганистанските претседателски избори, но дека Талибанците нема да успеат во намерата.
Белата куќа соопштува дека целта на нападот од Талибанците е попречување на одржувањето на вториот круг од авганистанските претседателски избори, но дека Талибанците нема да успеат во намерата.