Најмалку 12 луѓе, меѓу кои и шестмина вработени во ОН, загинаа денеска , а девет луѓе се повредени, по нападот на гостинската куќа na ОН во центарот на Кабул. Портпаролот на Талибанците ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека ова е првиот чекор што го преземаат за да го запрат одржувањето на вториот изборен круг кој треба да се одржи на 7 ноември. Шефот на мисијата на ОН во Авганистан ,Каи Еди, изјавил дека нападот нема да ги одврати од тоа да работат во таа земја.