Иранските медиуми со различни извештаи за прифаќањето на планот на ОН

Медиумите во Иран даваат различни соопштенија за тоа дали Иран ќе го прифати или не планот на ОН за збогатување на ураниум. Државната телевизија на арабски јазик Ал-Алам , повикувајќи се на преговарач од иранскиот тим , денеска изјави дека Иран ќе го прифати планот на ОН, во наредните 48 часа, но со одредени забелешки. Притоа не наведува какви забелешки има Иран. Но телевизијата на англиски јазик Прес ТВ, соопшти дека Иран е против испраќање на ураниум на дозбогатување во странство. Планот на ОН предвидува ниско збогатен ураниум, да се прати на доработка во Русија и Франција. Од Меѓународната Агенција за атомска енергија, велат дека чекаат на официјално соопштение на иранските власти.