Во две хеликоптерски несреќи денеска во Авганистан загинаа 14 Американци. Од американската команда е соопштено дека во првата несреќа, еден хеликоптер се урнал во близина на борбите со талибанските бунтовници во западниот дел на земјата. Притоа загинале 10 американци, седум војници и тројца цивили кои работат за владата, а биле повредени уште 12 американски војници и 14 Авганистанци. Во одделен инцидент на југот на земјата, два американски хеликоптера се судриле во воздух при што загинале четворица американски војници.