Судењето против Караџиќ, продолжува утре

Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ не присуствуваше на денешниот почеток на неговото судење во Хашкиот трибунал. Судењето е одложено за утре кога се очекува уводното излагање на обвинителството. Караџиќ најави дека нема да присуствува на почетокот на судењето со образложение дека не му било дадено доволно време за да ја подготви одбраната. Главниот обвинител Серж Брамерц ги отфрли ваквите тврдења на Караџиќ. Сега Трибуналот треба да реши како натаму ќе го продолжи судењето против Караџиќ кој 13 години се криеше од судот во Хаг. Караџиќ се соочува со 11 обвинувања за воени злосторства, вклучувајќи го и масакрот во Сребреница.