Препораката од Комисијата беше техничка одлука, а не политичка. Како што знаете, комисијата е граѓанскиот сервис на Европската Унија, тоа се експерти, тие не размислуваат со политички термини.
Г-не амбасадоре, дали препораката од ЕК беше политичка? Или што е поважно од неа да се прочита, дека сме направиле напредок или дека е момент да се реши спорот за името?
Па, препораката од Комисијата беше техничка одлука, а не политичка. Како што знаете, комисијата е граѓанскиот сервис на Европската Унија, тоа се експерти, тие не размислуваат со политички термини. Тие само се интересираат дали Македонија ги има исполнето критериумите кои се бараа. Заклучокот беше дека Македонија тоа го направи. Тоа беше техничка неполитичка одлука. Сметам дека Вашето прашање е што ќе се случи сега? Кој е следниот чекор? Па, следниот чекор е дека извештајот за напредокот на Македонија ќе се дискутира во таканаречените советнички структури во Брисел. Тоа се се комитети, има многу од нив, триесет или четириесет работни групи во Брисел, каде секоја земја има свој претставник, вообичаено од министерствата за надворешни работи, за да се изготви нивното мислење за проценките во извештајот за напредокот. Тоа се случува сега, на есен и на крај на состанокот на министрите за надворешни работи на седми и осми декември во Брисел тие министри ќе се согласат околу заклучоците, заклучоци на Советот за извештајот за напредокот. Претседателството ќе каже дали заклучокот е дека Македонија ќе може да почне со преговорите за членство. И тоа ќе биде политичка одлука. Факт е дека таа одлука мора да биде едногласна. Кажано поинаку, грција има право на вето и би требало да го прашате грчкиот амбасадор како Грција ќе се однесува во декември. Мојата проценка е дека ако нема значаен напредок за решавање на спорот со името, Грција нема да ја прифати одлуката за почеток на преговори. И тоа е политичкиот дел. Спорот со името не е дел од техничката проценка за тоа дали Македонија е подготвена да почне со преговорите.
Постојат ли повеќе од два можни исхода во декември, од кое едниот би бил да го решиме прашањето за името и да добиеме датум за преговори а вториот да не го решиме и да не добиеме датум?
Не знам, и не би сакал да шпекулирам. Како што кажа Оли Рен, прашањето е многу појасно сега отколку што беше пред извештајот за напредокот. Дискусијата не мора сега да биде за бенчмарковите, за овие илјадници работи кои се дискутираат во извештајот за напредокот. Јасно е дека Комисијата верува дека Македонија ги има задоволено тие бенчмаркови и е подготвена да почне со преговори. Тоа што останува е да се види позитивен напредок во однос на спорот со името. Ако се сеќавате, минатата година имаше дискусија. Не е важно колку се подготвуваме бидејки Комисијата никогаш нема да рече дека сме подготвени за почеток на преговори. Таа дискусија сега е завршена. Од тука сметам дека треба да се зграпчи можноста за разрешување на спорот со името пред седми декември. Не е лесно но на тоа се надевам.
Дали тоа значи дека ЕУ прочита подготвеност кај македонските политичари во овој момент да го решат прашањето за името?
Не би можел да одговорам на тоа прашање. Би можел единствено да кажам дека изјавата на Оли рен беше дека треба да се искористи оваа можност бидејки сега има добра динамика. За прв пат Комисијата рече дека Македонија е подготвена и од тука има логика Македонија да ги интензивира напорите за спорот со името
Дали Вие лично гледате поголема подготвеност?
Чувствувам поголем оптимизам, во споредба со пролетта оваа година дека спорот со името ќе се реши. Не би можел да ви кажам ништо специфично но чувствувам дека атмосферата е пооптимистичка во споредба со пролетта.
Да разјасниме. Што точно Македонија треба да направи за да добие датум за преговори?
Не можам да го кажам тоа. Едноставно во овој момент не знам. Сметам дека никој не знае. Ако се реши спорот со името тоагаш не е спорно дека Македонија ќе добие датум за почеток за преговорите. За тоа не се сомневам
Мислите ли дека за овој кус период ќе може да се реши спорот со оглед на тоа што постои многу години наназад?
Да, одговорот е да, сметам дека тоа може да се направи. Дали сметам дека навистина ќе се случи тоа? Не знам повеќе од другите. Но дали има политичка воља кај властите ? Мислам дека ова прашање може да се реши за многу кратко време.
Вицепремиерот за евроинтеграции даде неколку оптимистички изјави деновиве на пример дека нема враќање назад по одлуката од ЕК и дека Советот на министрите само ја следи ккао и дека Македонија би можела да биде држава чии преговори за членство траеле најратко. Ви се гледаат ли Вам реални ваквите очекувања?
Тоа се многу работи одеднаш и не е мое да ги коментирам изјавите на Вашиот Министер. Патот ќе биде долг. Обично е потребно долго време за земјите да станат членки на Европската унија. Дури и откако ќе добиете датум за почеток на преговорите, ви преостануваат самите преговори. Во случајот на Хрватска, јас бев амбасадор во Хрватска претходно, тие гио почнаа преговорите, и се надевам дека ме служи помнењето, во октомври 2005 година. Земјата се уште има преостанато неколку делови од преговорите а преговара веќе пет години. Во случајот на Хрватска имаше и таканаречен Скрининг. Пред да се почнат преговорите за секое поглавје имаше скринин процес со кој се утврдуваше дека земјата е подготвена да почне со преговорите. Тоа е многу комплексен и многу интрузивен процес. Потребно е голема експертиза и многу внимание бидејки европската унија постојано бара работи од вас. Не станува збор за преговори во класична смисла на зборот. Европската Унија бара прилагодување кон европските закони, посебно на клучните. Тоа што може да се дискутира се исклучоците, транзициски периоди и колку време ќе биде потребно за тоа. Што сакам да кажам. По сите поминати години откако Македонија стана земја кандидат за членство, што исто така се случи во 2005 година ако не грешам, поминаа четири години, секоја година бевте проценувани, спроведувавте реформи и стигнавте далеку но има уште многу да се работи. Тоа што сакам да го кажам е се надевам дека нема да го изгубите трпението и ќе продолжите со реформите затоа што тоа ќе се бара штом почнат преговорите. Не завршивте со домашната задача. Ќе има уште многу домашни задачи во иднина.
Да претпоставиме дека ќе започнеме со преговорите. Гледате ли капацитет во земјава за отпочнување преговори?
Би рекол дека едно од одредниците, една од забелешките што Европската комисија ги нотираше, една од областите во коишто Македонија мора да постигне напредок е точно јавната администрација. Голем дел од работата е завршен но останува уште повеќе што треба да се сработи. Кога Македонија ќе ги отпочне преговорите ќе мора да формира преговарачки тим. Секако Македонија ќе успее во тоа како што успеаја и сите други држави. Тој во некои држави, каде што работев претходно се состоеше од неколку стотици луѓе кои го прават тоа цело време, потоа она што исто така е потребно е комуникацијата со министерствата, сите тие треба да бидат прилагодени на Европската Унија.
Дали сте опотимист и во врска со иднината на ЕУ а со оглед на проблемите кои постојат околу ратификувањето на лисабонскиот договор?
Мислам дека преостанатите пречки околу стапувањето во сила на договорот наскоро ќе бидат надминати. Кога тоа ќе се случи, договрото ќе влезе во сила, веројатно некаде во јануари, можеби и малку пред тоа, не знам, но сакам да кажам дека еднаш кога ќе влезе во сила, ЕУ ќе биде многу поинаква организација, според мене ќе име неколку позитивни последици од тоа. Една од нив е дека ЕУ ќе формира своа канцеларија за надворешни работи која се вика европска канцеларија за надвореми работи. Тоа ќе ја револуционализира нашата работа. Ќе видиме откако договорот ќе ги покаже своите ефекти, ќе видиме дека ќе има ефекти околу кои засега никој не размислува. Сето тоа ќе ја направи ЕУ многу подобра, поефикасна, побрза.
Па, препораката од Комисијата беше техничка одлука, а не политичка. Како што знаете, комисијата е граѓанскиот сервис на Европската Унија, тоа се експерти, тие не размислуваат со политички термини. Тие само се интересираат дали Македонија ги има исполнето критериумите кои се бараа. Заклучокот беше дека Македонија тоа го направи. Тоа беше техничка неполитичка одлука. Сметам дека Вашето прашање е што ќе се случи сега? Кој е следниот чекор? Па, следниот чекор е дека извештајот за напредокот на Македонија ќе се дискутира во таканаречените советнички структури во Брисел. Тоа се се комитети, има многу од нив, триесет или четириесет работни групи во Брисел, каде секоја земја има свој претставник, вообичаено од министерствата за надворешни работи, за да се изготви нивното мислење за проценките во извештајот за напредокот. Тоа се случува сега, на есен и на крај на состанокот на министрите за надворешни работи на седми и осми декември во Брисел тие министри ќе се согласат околу заклучоците, заклучоци на Советот за извештајот за напредокот. Претседателството ќе каже дали заклучокот е дека Македонија ќе може да почне со преговорите за членство. И тоа ќе биде политичка одлука. Факт е дека таа одлука мора да биде едногласна. Кажано поинаку, грција има право на вето и би требало да го прашате грчкиот амбасадор како Грција ќе се однесува во декември. Мојата проценка е дека ако нема значаен напредок за решавање на спорот со името, Грција нема да ја прифати одлуката за почеток на преговори. И тоа е политичкиот дел. Спорот со името не е дел од техничката проценка за тоа дали Македонија е подготвена да почне со преговорите.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5