Бомбашки напади во Пакистан, 8 загинати

Пакистанската полиција соопшти дека во денешните две експлозии на бомби загинале седум луѓе, додека осум други биле ранети. Агенциите јавуваат дека заганитите биле во првиот напад што го извел бомбаш самоубиец врз еден контролен пункт во близина на воената база во провинцијата Панџаб. Неколку часа потоа во експлозија на автомобил бомба во градот Пешавар биле повредени осум луѓе. Талибанските милитанти ги интензивираа нападите во Пакистан во изминативе три недели при што загинаа над 170 лица.