Македонскиот бокс бележи резултати

Македонскиот бокс повеќе од една деценија назадува, но тоа не е пречка последниве години да бележи значајни резултати на меѓународна сцена. Заслугите за тоа се должат на боксерите Вели Мумин и на Примислав Димовски,
Македонскиот бокс повеќе од една деценија назадува, но тоа не е пречка последниве години да бележи значајни резултати на меѓународна сцена. Заслугите за тоа се пред се на нашиот најдобар боксер во моментов Вели Мумин, кој има две бронзи од европските првенства, но и на тешкашот Примислав Димовски, кому постојано му недостасува само еден чекор за да стигне до трофеј на врвните натпреварувања. Тоа беше случај и минатиот месец, кога беше елиминиран во четвртфиналето на СП во Милано и место најмалку бронза, го освои петтото место. Пласман кој е најдобар од осамостојувањето за еден наш боксер на Мундијалите и резултат кој, според
За мене и за Мумин, ние сме една друга генерација кога во матичниот клуб се вложуваше премногу и врз основа на тоа залагање и вложување во нас, еве ги резултатите за клубот
Димовски, уште еднаш потврдува дека племенитата вештина кај нас живее од квалитетната работа од пред една деценија.

,,За мене и за Мумин, ние сме една друга генерација кога во матичниот клуб се вложуваше премногу и врз основа на тоа залагање и вложување во нас, еве ги резултатите за клубот."

Изјави Димовски, кој изминатиот викенд и на турнир во Бања Лука потврди дека е можеби најдобриот боксер над 91 килограм во Југоисточна Европа. Триумфот на тој турнир и петтото место на Мундијалот покажаа дека во неговите тупаници се уште има сили за големи резултати, па тој реши да ја повлече претходната одлука за крај на кариерата по СП и да продолжи со обидите за освојување медал на некој шампионат.

,,Сакав да ја запечатам кариерата со еден огромен успех, а тоа ќе беше така доколку го освоев бронзениот медал, бидејќи бев премногу блиску не сакам туку така да ја завршам кариерата, затоа што секако дека можам повеќе резултати."
Светската Федерација најверојатно ќе придонесе за развој на боксот во овие земји каде што тој не е многу развиен, инаку кај нас тешко стојат работите


Додаде популарниот Примо, кој посакува да настапува во рингот уште три години, односно до Олимпијадата во Лондон. Остварувањето на таа желба ќе зависи од многу фактори, исто како и подобрувањето на состојбите во македонскиот бокс. За такво нешто, моментално шансите се многу мали, а надежта за помрднување на работите ја подгрева Светската боксерска федерација со камповите за помалку развиените земји.

,,Како што беше оној во Италија пред СП што беше клучен момент за овој мој успех. Така што со овие програми, кампови и боксерски Академии кои се планирани, а дали ќе бидат незнаеме бидејќи е нешто револуционерно од страна на Светската Федерација најверојатно ќе придонесат за развој на боксот во овие земји каде што тој не е многу развиен, инаку кај нас тешко стојат работите."

Истакна на крајот Примислав Димовски еден од најсериозните кандидати за освојување на годинашната спортска 13-то ноемвриска награда на град Скопје.