Странските дипломати вршат притисок за затворање на нерешните прашања на Балканот, кои тлеат како потенцијални кризни жаришта. Во таа насока експертите ја гледаат демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово или пак преговорите за БиХ.
Меѓународната заедница станува свесна дека Балканот функционира по принципот на сврзани садови и дека кризите од една земја многу лесно се пренесуваат на другите, сметаат дел од универзитетските професори со кои разговаравме. Затоа, велат тие, странските дипломати вршат координиран притисок за што поскоро затворање на тие жаришта. Професор Билјана Ванковска во таа насока ја гледа и демаркацијата на границата со Косово.
,,Дел од Балканските конфликти беа замрзнати или во некаква латентна фаза подолг период. Сега дел од нив покажуваат набој да се обноват, додека од друга страна кај меѓународната заедница расте и нетрпението и потребата тие што поскоро да завршат."
Лидерите на босанските Срби бараат право, Србите на референдум да одлучат за иднината на БиХ. Косовските Срби, пак, се уште се поделени за тоа дали треба да учествуваат на претстојните локални избори во Косово. Ванковска вели дека решавањето на токму тие две точки, Косово и Босна и Херцеговина, се многу важни за Македонија.
,,Фактичкото отцепување или да речам поделба на Косово, е на дело, меѓутоа ако тоа направи чекор плус, тоа е потенцијална бомба. И втората е секако Република Српска што на Балканот би внело еден нов да речам ,,квалитет" што ќе значи навистина доведување до крајни граници на создавање на етнички чисти територии. Пандорина Кутија, која оди по таа логика: Ако е тоа можно таму, зошто да неможе кај нас."
Ванковска вели дека меѓународната заедница во изминативе две децении игра улога на пожарникар на Балканот и се обидува да ги реши постоечките конфликти. Професор Назми Малиќи се согласува дека меѓународната заедница одиграла битна улога во демаркацијата награницата со Косово. Со тоа, тие презедоа чекор на превентивна дипломатија и не дозволија создавање на криза која ќе треба да ја „гаснат“, вели тој.
,,Секаде има такви недорешени прашања со границите. Хрватска и Словенија, БиХ, Црна Гора и Србија итн. Примерот што меѓународната заедница го имаше со нас сите го посакуват истото да го имаат и со другите Балкански земји."
Малиќи не се сомнева во успехот на меѓународната заедница во решавањето на Балканските кризни жаришта. Ванковска, пак, вели дека е тешко да се прогнозира успехот. Балканските лидери се непредвидливи, вели таа. Еднаш попуштаат под притисокот, а друг пат притисокот создава спротивен ефект.
Дел од Балканските конфликти беа замрзнати или во некаква латентна фаза подолг период. Сега дел од нив покажуваат набој да се обноват, додека од друга страна кај меѓународната заедница расте и нетрпението и потребата тие што поскоро да завршат
,,Дел од Балканските конфликти беа замрзнати или во некаква латентна фаза подолг период. Сега дел од нив покажуваат набој да се обноват, додека од друга страна кај меѓународната заедница расте и нетрпението и потребата тие што поскоро да завршат."
Лидерите на босанските Срби бараат право, Србите на референдум да одлучат за иднината на БиХ. Косовските Срби, пак, се уште се поделени за тоа дали треба да учествуваат на претстојните локални избори во Косово. Ванковска вели дека решавањето на токму тие две точки, Косово и Босна и Херцеговина, се многу важни за Македонија.
,,Фактичкото отцепување или да речам поделба на Косово, е на дело, меѓутоа ако тоа направи чекор плус, тоа е потенцијална бомба. И втората е секако Република Српска што на Балканот би внело еден нов да речам ,,квалитет" што ќе значи навистина доведување до крајни граници на создавање на етнички чисти територии. Пандорина Кутија, која оди по таа логика: Ако е тоа можно таму, зошто да неможе кај нас."
Ванковска вели дека меѓународната заедница во изминативе две децении игра улога на пожарникар на Балканот и се обидува да ги реши постоечките конфликти. Професор Назми Малиќи се согласува дека меѓународната заедница одиграла битна улога во демаркацијата на
Секаде има такви недорешени прашања со границите. Хрватска и Словенија, БиХ, Црна Гора и Србија итн