Инцидентот што денеска се случи меѓу актуелниот студентски лидер Самоил Манчевски и членот на движењето ,,Слободен индекс" Борис Каевски, го наруши претходно мирното гласање на студентите кои избираат нов студентски лидер.
Препукувањата помеѓу сегашниот претседател на Студентскиот Парламент и членовите на движењето „Слободен индекс“ продолжува на денот на изборите за студентски лидер. Вербалната расправија меѓу членот на „Слободен индекс“ Борис Каески и сегашниот студентски лидер Самоил Малчевски, го наруши инаку мирното гласање за нов студенски лидер. Борис Каевски го обвинува Малчевски за нападот.
,,Се случи голема караница, тој потоа ја зема мојата камера и ми рече дека неможе да снимам. Значи физички ме нападна, го имам снимено тоа може да се види, имам докази. Исто така се закануваше со кривични пријави против нас."
Самоил Малчевски е со друга приказна.Тој ги обвинува активистите дека намерно ги нарушуваат изборите.
,,Денеска ми се случи да бидам нападнат на Филолошкиот факултет од нивни активисти, и бев навредуван со груби зборови при обид да го попречат изборниот процес."
Малчевски вели дека ќе поднесе пријава за нарушување на изборниот процес и ќе ги тужи активистите на „ Слободен индекс“ доколку аматерските снимки од инцидентот излезат во јавност. Од „Слободен индекс“ го оспоруваат легитимитетот на Студенсткиот парламент заради невозможните услови за кандидирање на тие избори и немањето на пратеници во тој Парламент.Тие велат дека ќе поднесат преставка до Министерството за образование за поништување на изборите. Политичките препукувања гизасенија студентските избори и протести. Студентите се жалат дека политичарите сакат да манипулираат со нив.
,,Па мислам дека има политика. Сега на овие избори не би требало да се случи, ама доколку истото се повторува ова практично е залудно."
,,Власта е во државата, одвојува пари за студентите, за факултетите и преку нив или перат пари преку разни Невладини Организации или пак на тој начин некој се богати."
,,Многу голем прилив на буџетските средства има кои се одвојуваат од студентите, а се трошат за исполнување на нивните партиски ветувања."
Политикологот Љубомир Јакимовски вели дека политичките партиии имаат интерес да регрутираат студенти во своите редови затоа што тие се идната бизнис и политичка елита.. И самите студенти се во висока мера политизирани, вели Јакимовски.
,,Само таквите автентични студентски движења можат да постигнат успех инаку сите други кои што ќе бидат политички инструментализирани, тие ќе ја доживеат судбината како печурките нели, после дожд брзо ќе се појават, но бидејќи немаат автономна сила бргу ќе ја истрошат силата и практично тоа што сакаат да го остварат не ќе можат да го исполнат."
Студентите кои сакат да направат промени во општеството треба да се издигнат над политичките цели и интереси, вели политикологот Јакимовски.
Се случи голема караница, тој потоа ја зема мојата камера и ми рече дека неможе да снимам. Значи физички ме нападна, го имам снимено тоа може да се види, имам докази
,,Се случи голема караница, тој потоа ја зема мојата камера и ми рече дека неможе да снимам. Значи физички ме нападна, го имам снимено тоа може да се види, имам докази. Исто така се закануваше со кривични пријави против нас."
Самоил Малчевски е со друга приказна.Тој ги обвинува активистите дека намерно ги нарушуваат изборите.
,,Денеска ми се случи да бидам нападнат на Филолошкиот факултет од нивни активисти, и бев навредуван со груби зборови при обид да го попречат изборниот процес."
Малчевски вели дека ќе поднесе пријава за нарушување на изборниот процес и ќе ги тужи активистите на „ Слободен индекс“ доколку аматерските снимки од инцидентот излезат во јавност. Од „Слободен индекс“ го оспоруваат легитимитетот на Студенсткиот парламент заради невозможните услови за кандидирање на тие избори и немањето на пратеници во тој Парламент.Тие велат дека ќе поднесат преставка до Министерството за образование за поништување на изборите. Политичките препукувања ги
Денеска ми се случи да бидам нападнат на Филолошкиот факултет од нивни активисти, и бев навредуван со груби зборови при обид да го попречат изборниот процес