Зи Зи Топ, еден од најзначајните светски блуз-рок состави, во четврток ќе одржи концерт во салата Борис Трајковски во Скопје. Овој настап е во рамките на нивната актуелна светска турнеја, а организатор на концертите во регионов е Авалон продукција.
Кога сме на турнеја се чувствуваме како да сме дома и си ја тераме нашата работа. Среќни сме да им свириме на луѓето, без разлика дали се тие од Мичиген или од Македонија! - ќе рече Били Гибонс, гитаристот на ЗИ ЗИ ТОП, во едно од интервјуата што ги даде непосредно пред нивната балканска серија на концерти во рамките на која тексашаните ќе настапат и во Скопје.
ЗИ ЗИ ТОП е американско блуз-рок трио, формирано некаде на крајот на 1969 година во Хјустон, Тексас. Во бендот кој скоро цели четири децении работи без персонални промени членуваат брадестите Били Гибонс, вокал и гитара, Дасти Хил, бас и клавијатури итапанарот Френк Берд. Зад себе имаат 14 албуми, од кои денес за рок-блуз класици се сметаат изданијата као Rio Grande Mud, Tres Hombres, Fandango и Tejas, објавени во периодот од 1972 до 1979 година. Не помалку значајни се и албумите како El Loco, Eliminator и Afterburner, кои излегоа во првата половина на осумдесеттите години од минатиот век, а наедно важат и за бенд кој знае да направи одлична високооктанска забава зачинета со многу хумор на своите концерти. Со имиџ кој ги вклучува долгите бради и ефтините наочари за сонце на двајцата истурени членови на составот и со многу еротика во видео приказните за нивните песни, тие не само што ги поместија границите на полето на визуелизацијата туку наедно беа и една од клучните групи за глобалниот успех на Музичката телевизија. За своето долгогодишно успешно делување на светската сцена се вклучени меѓу 100-те Најголеми артисти во хард-рок музиката на листата што ја состави телевизискиот канал Ви-Ејџ-Уан, а на 15 март 2004 година беа вклучени и во Рокенрол халата на славните. Згора на тоа Били Гибонс е бележан како еден од најзначајните блуз гитаристи кој го користи рок идиомот, а Хил и Берд се најубитачната ритам секција. Својата актуелна светска турнеја ЗИ ЗИ ТОП ја почнаа заедно со колегите од американскиот стадионски рок состав АЕРОСМИТ, но поради болеста на нивниот пејач Стивен Тајлер, патот го продолжија сами предизвикувајќи бура од воодушевувања секаде онаму каде што ќе се појават.
,,Она што го видовме и во Љубљана, последно и во Белградска Арена беше пред 15 илјади публика, каде што свиреа Зи Зи Топ, беше страшно големо шоу, надополнетно со едно одлично видео, а за аудиото веќе напомнавме дека Зи Зи Топ доаѓаат со своја опрема, што е реткост во Македонија."
вели Денис Иљиоски од Авалон продукција.
Кон ова само уште еден куриозитет и една информација. Во 1984 година компанијата Жилет им понуди на Гибонс и на Хил милион долари да се избричат и на тој начин да станат заштитни лица во нивната рекламна кампања, а овие таквата понуда ладнокрвно ја одбија велејќи дека се и премногу грди за да останат без своите бради. И, конечно со непроменет имиџ, ЗИ ЗИ ТОП во екот на големата светска турнеја на почетокот од ноември ќе го објават својот нов двоен концертен албум, а набргу потоа и студиската објава која веќе подолго време ја работат со легендарниот продуцент Рик Рубин.
ЗИ ЗИ ТОП е американско блуз-рок трио, формирано некаде на крајот на 1969 година во Хјустон, Тексас. Во бендот кој скоро цели четири децении работи без персонални промени членуваат брадестите Били Гибонс, вокал и гитара, Дасти Хил, бас и клавијатури и
Она што го видовме и во Љубљана, последно и во Белградска Арена беше пред 15 илјади публика, каде што свиреа Зи Зи Топ, беше страшно големо шоу, надополнетно со едно одлично видео, а за аудиото веќе напомнавме дека Зи Зи Топ доаѓаат со своја опрема, што е реткост во Македонија