38 годишниот Мишко Танески пасиониран планинар од Охрид деновиве ја почнува неговата најнова експедиција за освојување на планинскиот врв Ајланд Пик, во округот на Монт Еверест, или Саграмата, на надморска височина од 6.189 метри на Хималаите на далечниот Азиски исток
38 годишниот Мишко Танески пасиониран планинар од Охрид деновиве ја почнува неговата најнова експедиција за освојување на планинскиот врв Ајланд Пик, во округот на Монт Еверест, или Саграмата, на надморска височина од 6.189 метри на Хималаите на далечниот Азиски исток. По напорните секојдневни подготовки Танески во добра психофизичка кондиција со водичот Драган Јаќимовиќ од Србија и група со уште тројца Македонци, пристигна во Непал каде стартува со 20 дневниот поход на Хималаите. Таму тој ќе мине неколку базни кампови на различни височини, а ќе има и повеќедневна аклиматизација на температура од неколку степени под нулата во пониските делови до минус 30 на самиот врв.
,,Се одлучив за овој врв, ценејќи дека е во рамките на моите можности, за прв пат да ја почувствувам таа височина од над шест илјадиметри, за искачување на последните илјада метри се бара алпинистички начин на искачување. Очекувам врвот Ајланд Пик да го освојам некаде околу 29- 30 октомври. Ритуалот по освојувањето е сликање на врвот со Македонското знаме, си честитаме и бидејќи имам информации дека врвот е доста тесен, после неколку минути слегуваме во базниот камп назад."
Ни изјави Танески пред заминувањето од Охрид. Тој пет години активно се занимава со планинарство и досега ги има искачено повеќе врвови, станувајќи зависник од високиот адреналин и уживањето во убавите видици и природата.
,,Со планинарење започнав тука во локалните планини на Галичица со моите пријатели, уште од првото искачување бев воодушевен планинските глетки и видици и веднаш знаев дека тоа ќе трае вечно и дека вечно ќе другарувам со планините. Потоа почувствував дека мојата психовизичка кондиција е на повисоко ниво, па се решив да ги искачувам врвовите низ Македонија и Балканот дојдов до идеа да се обидам да ги искачам највисоките седум врвови на сите седум континенти. Лани почнав со Мон Блан, годинава го искачив Килиманџаро, по Ајланд Пик, планирам да одам на Конкагва во јануари и Мек Кинли во мај во Северна Америка, а за Монт Еверест ќе видиме, тоа зависи од финансиите."
Раскажува Танески за кого планинарството не е само спорт туку стил на модерното живеење, што му го разубавува секојдневието,го релаксира од стресовите и му го прави животот позабавен.
,
,Мене планинарството ми значи живот, јас не познавам веќе друг живот без планинарење, тоа е еден одмор за човекот, и покрај големиот напор добивам поголема сила и енергија за да опстанам."
Посакувајќи му на Мишко Танески успешно освојување на Ајланд Пик на Хималаите и уште многу високи планински врвови во светот, каде ќе се вее Македонското знаме, веруваме дека за неговите експедиции ќе има повеќе слух и помош од сите кои можат и сакаат да го поддржат во храбрите потфати овој амбициозен планинар од Охрид.
,,Се одлучив за овој врв, ценејќи дека е во рамките на моите можности, за прв пат да ја почувствувам таа височина од над шест илјади
Се одлучив за овој врв, ценејќи дека е во рамките на моите можности, за прв пат да ја почувствувам таа височина од над шест илјади метри, за искачување на последните илјада метри се бара алпинистички начин на искачување